Глигор Стојковски е годинешниот лауреат на наградата за најдобра поема на конкурсот „Григор Прличев“
Новинарот, поетот и публицистот Глигор Стојковски е лауреатот на наградата за најдобра поетска творба „Григор Прличев“ за 2015 година што НУ „Центар за култура Григор Прличев“ од Охрид ја доделува во знак на сеќавање на ликот и делото на познатиот охридски поет и преродбеник.
Неговата поема „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“ беше избрана како најдобра од доспеаните 12 трудови на конкурсот од страна на стручното жири.
Глигор Стојковски (1952) е поранешен новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“ и главен уредник на „Култура“, во моментов сопственик на издавачката куќа „ВиГ ЗЕНИЦА“.
Автор е на повеќе поетски книги како „Починка во чисти честички“, „Пајак“, „Очно дно“, „Студена минута“, „Зад билката молк“, „Око заборавено на небото“, „Порој“, „Капка оловна вода“, „Земјата сама ќе се отвори“, „Ерусалим – богови и војни“...Подготвил и неколку публицистички книги, коавтор е и на монографијата „Зеницата на Македонија“. Тој е добитник и на наградите „Кочо Рацин’, „Нарциса“, „Браќа Миладиновци“...
Наградата „Григор Прличев“ на лауреатот ќе му биде врачена во рамки на „Прличевите беседи“, манифестацијата востановена пред речиси шест децении на која се одбележува годишнината од смртта на големиот поет, кој почина на 4 февруари пред 123 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“. „Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка