Главните разузнавачи на САД: Русија е подготвена да влијае на следните избори
Раководителите на разузнавачките служби на САД денеска на сослушувањето пред сенатската комисија укажаа дека Русија е подготвена повторно да интервенира во демократските процеси на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Шефовите на Централата агенција за разузнавање (ЦИА), Федералното истражно биро (ФБИ) и Националната агенција за безбедност (НСA) укажаа дека Русија ја постигнала својата цел, а тоа е ослабување на американската демократија.
Според сенаторот Џон Коутс, раководител на Директорат за национално разузнавање, „нема сомнеж дека Русија ги цени минатите напори и гледа на конгресните изборите во ноември како нова шанса за ширење на своето влијание.“
- Нема докази дека нешто во меѓувреме се променило, додаде тој.
Марк Помпео, директор на ЦИА, изјави дека службата пресретнала активности на руски оперативци со намера да се влијае на следните избори во САД.
- ЦИА може веднаш да ги идентификува елементите на руската информациска кампања и затоа работи со органите за безбедност, рече тој.
Помпео порача дека агенцијата има моќ да дејствува во одбрана и да им наштети на оние кои ќе се осудат да се мешаат во изборите на САД.
Главните разузнавачи укажаа дека руски хакери веќе ги скенираат американските изборни системи и употребуваат армии на „ботови“ (програми за одржување на лажни профили) за да промовираат партиски гледишта на социјалните мрежи.
Тие укажуваат дека, исто како за време на изборите во 2016, Русија е подготвена да шири секакви информации, реални или лажни, за создавање политички раскол и поларизација во општеството.
Американскиот претседател Доналд Трамп главно е скептичен на овие предупредувања. Тој ја отфрла идејата дека Русите помогнале во неговиот избор и ги напаѓа оние кои укажуваат на тоа.
Во една прилика тој изјави дека гo прифаќа демантот на Владимир Путин, дека Русија не се мешала во изборите во 2016.
Ново на Сител
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-
Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ
-
Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ги реши нашите проблеми
-
Сон: Во Тотенхем сум 10 години и сакам да го освојам трофејот
-
Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило
-
Царинска управа: Запленети тутунски производи, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи и девизи
-
Полициска акција во Скопје, се тресат локации поврзани со членови на „Беланоца-Барон“