Главниот ревизор за ИПА во посета на Европскиот суд на ревизори
Тричлена делегација од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош од Република Македонија, предводена од Адем Цури, главен ревизор за ИПА денеска и утре престојува во посета на Европскиот суд на ревизори во Луксембург.
Целта на посетата е да се зајакне соработката помеѓу Ревизорското тело за ИПА и Европскиот суд во областа на ревизијата на европските фондови.
Планирани се средби на Цури со шефот на кабинетот на финскиот член на Европскиот суд на ревизори, Туро Хентила, со раководителот на Директоратот на комитетот за контрола на квалитетот на ревизијата во Европскиот суд на ревизори Јаши Брајт и со раководителот на Комората три - надворешни активности, Денис Вернер, под чија надлежност е ревизијата на европските фондови што ги користи Република Македонија преку ИПА.
За време на посетата Цури ќе се сретне со Хану Такула, финскиот член на Европскиот суд на ревизори.
Ново на Сител
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм