Главната опозициска партија во Турција не ја прифаќа победата на Ердоган на референдумот

Турскиот опозициски лидер Кемал Киличдароглу изјави денеска дека нема да ја прифати победата на поддржувачите на уставните измени на референдумот, кој вчера се одржа во Турција, напоменувајќи дека гласањето ја изнело вистината на виделина - дека најмалку 50 отсто од луѓето кажале „не“, јави ДПА.
Лидерот на Народнорепубликанската партија смета дека референдумот за уставни измени е доказ за недостиг на консензус во општеството.
- Минимум 50 проценти од населението на Турција им кажа „не“ на уставните измени, така што резултатите од тоа гласање не може да бидат варијанта на општествен консензус, изјави Киличдароглу.
Тој посочи дека референдумот се одржал во нечесни и нееднакви услови.
- Сите треба да го почитуваат законот, но луѓето од таборот на приврзаниците на измените ја минаа границата на законите. Со своите дејствија Централната изборна комисија ова гласање го направи крајно спорно, даде повод за сомневање во неговата легитимност, рече тој, имајќи го предвид решението на Врховната изборна комисија да ги прифати за валидни гласачките ливчиња, кои немале печат од нејзини официјални претставници.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
