Гласачките ливчиња на изборите во Холандија ќе се бројат рачно
Гласачките ливчиња на парламентарните избори во Холандија во март ќе се бројат рачно за да се избегнат евентуални кибер напади врз изборниот софтвер, кој се смета за премногу ранлив, изјави министерот за внатрешни работи Роналд Пластерк.
На 15 март 12,6 милиони Холанѓани со право на глас избираат нов состав на 150-члениот Парламент. Властите соопштија дека се мошне претпазливи за евентуални обиди за кибер напади, откако американското разузнавање ја обвини Русија дека се вмешала во претседателските избори во САД.
- Не можам да ја исклучам можноста некои држави да се обидат да влијаат на политичкото решение и на јавното мислење на Холандија во своја полза, рече Пластерк во писмо до Парламентот.
Тој исто така изрази загриженост поради ранливоста на софтверот, кој го користи Изборната комисија, што создава ризик изборите да бидат манипулирани.
На барање на телевизијата Ер-Те-Ел експертот за компјутерска безбедност Сејман Рувхоф извршил сопствена истрага на софтверот и заклучи дека обичен Ајпад има подобра заштита од холандскиот изборен систем.
Според анкетите овие неколку месеци засега најголем број гласови има Партијата на слободата на пратеникот, кој е познат како исламофоб, Герт Вилдерс, а по неа е Народната партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат