Гласаат инфицираните со коронавирусот и лицата во самоизолација во Охрид и Струга
Правото на глас на предвремените парламентарни избори денеска го остваруваат 38 лица од Охрид кои се во самоизолација или се позитивни на коронавирусот.
-Гласањето на тие лица го реализираат два посебни изборни одбори придружувани од медицински персонал одреден од страна на Државната изборна комисија. Станува збор за 38 лица од градот, но и од околните села Велгошти, Лескоец и Рача, информираше Климент Камнаровски, претседателот на ОИК Охрид.
На идентичен начин се реализира и гласањето во Општина Струга каде денеска гласаат 55 лица позитивни на КОВИД-19 или лица на кои им е одредена мерка за самоизолација.
Претседателот на ОИК на Струга Бледар Зиба појасни дека од тие лица 12 се од градот, а останатите се од струшките села.
-Првиот конвој од гласањето е завршен, собран е гласачкиот материјал, а до крајот на денешниот изборен ден престојат уште да се реализираат два такви гласачки конвои, рече Зиба.
Во Општина Дебрца нема пријавени лица за кои би важеле посебните мерки за остварување на нивното гласачко право во новонастанатата ситуација со епидемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Николоски: Орце Ѓорѓиевски ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје
-
Потер нов селектор на Шведска
-
Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија
-
Зеленски и Макрон разговараа за притисокот врз Русија и се согласија да се сретнат во блиска иднина
-
Ѓорѓиевски: Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење
-
Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена
-
Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ