ОН: Глад им се заканува на околу 16 милиони луѓе
Глад им се заканува на околу 16 милиони луѓе во Јужна Африка поради сушата во регионот и силното влијание на последиците од климатската појава Ел Нињо, објави денеска во извештајот Светската програма за храна на ОН.
Влијанието на Ел Нињо толку многу се зајакнало, што постои опасност од вонредна ситуација во регионот, а за спречување ќе бидат потребни координираните услови на многу земји, се наведува во документот.
Во јануари оваа година организацијата оцени дека 14 милиони лица во Јужна Африка се загрозени од недостаток на храна.
Поради недоволно врнежи од дожд минатата година најмногу страдаа Малави, каде од глас се загрозени 2,8 милиони луѓе, Мадагаскар (околу 1,9 милиони лица), Зимбабве (1,5 милиони луѓе). Во Лесото во декември Владата прогласи вонредна ситуација поради сушата, каде 650.000 луѓе имаат потреба од храна, што е околу една третина од населението. Тешка е ситуацијата и во Ангола, Мозамбик и Свазиленд.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот