Ѓуриќ: Албанските сепаратисти го официјализираа апратхејдот во Косово
Директорот на српската Камцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ оцени денеска дека „Европа со децении не била сведок на порасистичка и пошовинистичка политичка пракса каква денес се спроведува во самопрогласеното Косово“, бидејќи на Србите „брутално“ им е одземено правото на глас. Тој вели дека со тоа „албанските сепаратисти го официјализирале апартхејдот“.
-На интерно раселените Срби не само што им е оневозможено да живеат на своите вековни огништа, туку им е скусено и правото на кој и да е начин да ја изразат својата политичка волја, се вели во соопштението од Ѓуриќ, кое го пренесува Танјуг.
Тој вели дека српските гласови од централна Србија, без какво и да е логично објаснување се поништени „во оваа шовинистичка фарса, со што протерувањето на српскиот народ од Косово и Метохија и официјално политички е третирано како неотповикливо“.
Косовскиот Изборен панел за претставки и поплаки (ПЗАП) одлучи денеска да ја прифати жалбата на коалицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР) за бришење од конечниот резултат на парламентарните избори од 6 октомври на гласовите стасани од Србија и ѝ наложи на Централната изборна комисија (ЦИК) да изврши пребројување на гласовите во 1.472 гласачки места.
Лидерот на Нисма Фатмир Лимај на прес-конференција изјави дека по одлуката на ПЗАП коалицијата која тој ја предводи има освоено 5,12 отсто од гласовите и ќе има шест пратеници во новиот Парламент.
Лимај ја оцени одлуката на ПЗАП како храбра и законита, а ја обвини Централната изборна комисија (ЦИК) дека минатиот четврток, на 7 ноември, извршила изборен фалсификат, со тоа што објави нерегуларни конечни резултати, со кои коалицијата остана надвор од Собранието со освоени вкупно 4,98 отсто гласови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација