Ѓурѓовденска струшка литија
Во недела на 7 мај во Струга осми пат ќе се одржи Ѓурѓовденската струшка литија на која граѓаните ќе можат да се поклонат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.
Денот на традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.
На Литијата ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на својствен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Георгиј како покровител на полициските сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност секогаш се тука да го чуваат мирот и безбедноста во татковината. Помеѓу возилото и Литијата на коњ ќе дефилира посебен редар и најавувач на процесијата, со палмова гранка во раката како симбол на мирот, кој всушност, не го претставува Св. Георгиј Победоносец, туку само ќе биде облечен во традиционална римска трибунска облека од времето кога живеел светецот.
Оваа облека е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, а е дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја.
На чело на самата Литија ќе биде член од Бигорското братство кој ќе го бие клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворната икона на Св. Георгиј Победоносец, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Тимотеј и други митрополити, и најпосле, најголемата светиња - моштите на Светиот во раскошно украсениот епитаф.
Оваа година моштите на Светиот Победоносец Георгиј, покрај тоа што ќе бидат носени од страна на видни струшки граѓани, ќе бидат придружувани и од четворица таканаречени сердари односно чувари на моштите на Св. Георгиј. Тие ќе бидат облечени во традиционална мијачка носија, со ќостек на градите на којшто е претставен ликот на Св. Јован Крстител, што е всушност и обновување на оваа капетанска служба, којашто и порано постоела при Бигорскиот манастир и имала улога да го заштитува. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, исто така облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Св. Георгиј Победоносец.
Оние што нема да можат да се вклучат во Литијата заради мноштвото народ, на светецот можат да му оддадат достојна почит, стоејќи на обете страни на улицата и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор