„Ѓура Мара 2016“ на трет ден Велигден во Миравци

Во гевгелиското населено место Миравци, вечер, на третиот ден од Велигден, ќе се одржи традиционалната фолклорна манифестација „Ѓура Мара 2016“.
Според легендата преку оро што го играат само девојки и жени, се прикажува приказната за грабнувањето на убавата мома Мара од страна на турските војници и нејзиното ослободување од братот Ѓуро. Орото се игра на зајдисонце, поточно во време кога се случил вистинскиот настан.
- Оваа наша традиција која е стара повеќе од еден век се трудиме секоја наредна година да ја организираме подобро од претходната и тоа наше настојување придонесе нашето мало место да стане познато и во меѓународни рамки, информират организаторите од КУД „Танец“ од Миравци.
На манифестацијата ќе настапат играорци од КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци во околината на Инџија и КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш.
Покровители на традиционалната манифестација се Министерството за култура и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, а првпат оваа година целата манифестација ќе биде снимена и емитувана од Радио телевизија Србија.
Ново на Сител
-   
           Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека
-   
           Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени
-   
           Мицкоски: Вториот изборен круг нека биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста
-   
           Орбан ќе бара од Трамп ослободување од американските санкции за руската нафта
-   
           За викендот стабилно и суво, од понеделник дожд
-   
           Условна казна затвор од две години за напаѓачот на градоначалничката Арсовска во јули годинава во Чаир
-   
           Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември
-   
           АВМУ: Од денеска на полноќ почнува изборен молк за вториот круг од Локалните избори 2025







