Ѓукановиќ: Уверен сум дека ќе победам на изборите, без оглед на излезноста
Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека е уверен оти ќе победи во вториот круг од изборите на 2 април, без оглед на тоа колкава ќе биде излезноста и оцени дека Србија и Русија продолжуваат да се мешаат во изборните процеси и внатрешните политички состојби во Црна Гора.
Гостувајќи на РТЦГ, Ѓукановиќ рече дека пред изборите било јасно дека победникот ќе се одлучува во вториот круг.
Тој порача дека Црна Гора в недела не избира меѓу двајца кандидати, туку пат кон иднината и додаде дека гласот за него е глас за континуитет.
Потенцира дека неговиот противкандидат Јаков Милатовиќ ја персонифицира политиката на „Отворен Балкан“ и потсети дека за таа иницијатива секогаш зборувал „како за предворје на српскиот свет“.
На прашањето дали и тој изјавата на шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман дека Хрватите во Црна Гора треба да гласаат за него, ја сфаќа како мешање во внатрешните работи на Црна Гора, Ѓукановиќ рече дека тоа не го смета за мешање, бидејќи постапувањето на Србија и Русија не може да се стави на исто ниво со изјавата на хрватскиот министер.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите
-
ММА признат како официјален спорт во Македонија
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија
-
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-
Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си