Ѓукановиќ: После изборите сите имаат причина за задоволство
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека присуството на набудувачката мисија на Европската мрежа на организации за набљудување на изборите (ЕНЕМО) било исклучително важно за демократскиот карактер на изборниот процес во Црна Гора.
Во разговор со шефот на мисијата, Џанлука Пасарели, во Подгорица, Ѓукановиќ рече дека на крајот од процесот, сите имале причина да бидат задоволни, бидејќи, како што рече, Црна Гора покажа демократски капацитет, и покрај најавите за можни компликации, и солидна демократска основа која е во состојба да одговори на потребата за транзиција на власта.
Сето ова, посочи Ѓукановиќ, е добра потврда дека не сме ги изгубиле изминатите 30 години и дека и покрај критичките опсервации и предрасуди кон Балканот од одредени адреси, сепак имаме значителен број практики кои го потврдуваат капацитетот за европски стандард и членство во ЕУ.
Тој рече дека Црна Гора, откако внимателно ќе го прочита Извештајот ЕНЕМО, како и порано, ќе работи на отстранување на слабостите и подобрување на изборниот систем.
Пасарели посочи дека бил сведок на историски момент, не само поради резултатите од изборите, туку и поради односот и одлуката на Ѓукановиќ, со што, како што рече, може да се гордее бидејќи тие претставуваат чекор напред кон демократско созревање.
Ново на Сител
-
Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал
-
Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“
-
Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп
-
Бројот на жртви по превртувањето на туристичкиот брод во Виетнам се искачи на 38
-
Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците
-
Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати
-
Сончево и топло, со температура до 39 степени
-
Состојба на патиштата