Ѓукановиќ: Ќе посочиме кој се пресметува со Црна Гора
Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ најави дека наредните пет дена ќе посочи кој „брутално се пресметува со Црна Гора за да продолжи да го злоупотребува имотот“.
– Верувам дека наредните денови ќе и посочиме на црногорската јавност кој всушност бртално се пресметува со Црна Гора за да продолжи да го злоупотребува имотот, рече Ѓукановиќ на седницата на Општинскиот одбор на ДПС во Цетиње.
Според него, „ова е само уште еден од поводите за напад на државата Црна Гора“, пренесе Радио телевизија Црна Гора.
Тој претходно на состанокот со Советот на млади на ДПС во Цетиње рече дека во европската држава Црна Гора црквата ќе има свое место, но дека ниту една верска заедница нема да доминира, туку сите ќе бидат рамноправни.
– Секој ќе се чувствува пријатно, и како верник и како граѓанин на Црна Гора, порача црногорскиот претседател.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг