Ѓукановиќ: Црна Гора живее свој европски живот
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ порача дека Црна Гора веќе го живее својот европски живот и „со оптимизам гледа кон својата европска иднина“.
– Ние одамна ја поминавме историската крстосница. Европеизацијата на црногосткото општество е наша клучна цел и постојана задача. Тој процес не завршува само со формално членство, истакна Ѓукановиќ синоќа во Цетиње на свеќениот прием по повод прославата на црногорскиот Ден на државноста – 13 јули.
Тој нагласи дека „не треба да не обесхрабри компликувањето на процесите на европска и глобална сцена во исполнување на нашите цели, ниту, пак, некои скептични пораки кои деновиве пристигнуваат од важни европски адреси. Ние од Балканот мора да и покажаме на Европа дека политиката на проширување е нејзина најдобра политика“.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата