Ѓоша фатен со 50 грама кокаин: Актерот падна во акцијата на полицијата!
Познатиот актер Богољуб Митиќ (48) наречен Ѓоша е фатен со 50 грама кокаин, дознава српски Курир.
Според весникот, овој актер, пејач и водител паднал случајно.
-Полицијата ги прислушувала телефоните на познатите дилери на дрога и Ѓоша сосема случајно паднал во мрежата. Имено, тој преку мобилен телефон зборувал со некој од нив и така дошле до него. Полицијата така утврдила дека Митиќ кај себе има дрога. Во акцијата која потоа следела кај Ѓоша се пронајдени 50 грама од овој наркотик, вели извор и додава:
Лов на крупни дилери
-Интересно е што не е уапсен и против него не се води никаква постапка. Причина за тоа е што наводоно Ѓоша за нив бил ситна риба. Имено, тие не сакале да го уапсат за да дојдат до главните меѓу дилерите, кои продаваат многу поголеми количества дрога. Во меѓувреме, двајца од таа група се уапсени.
Соговрникот открива уште некои детали:
_Дали Ѓоша се дрогира или не, јас не знам. Меѓутоа по естрадата се зборуваше дека Ѓоша им нудел и продавал дрога, коментира изворот.
Од друга страна, Ѓоша не бил изненаден од нивните сознанија.
-Пробав трева, но ништо друго од дрога. Можеби некогаш сум бил во друштво каде луѓето конзумираат наркотици. Се движам по кафеани и ресторани и сешто сум гледал, но дрога никогаш не сум пробал. Многу ме интересира од кај ви е таа приказна и кој ви кажал? Сешто слушам! Зарем јас ви делувам како некој кој е издрогиран!? Сакам да јадам и да пијам, да бидам во друштво на убави жени, а што прават другите околу мене јас не гледам. И тоа не ме интересира, искоментира познатиот актер.
Глуми, пее и лови риби
Ѓоша играше во повеќе српски ТВ серии како што се „Семејно богатство“, „Селани“, „Азиланти“, „Тесна кожа 5“, како и во филмовите „А сега адио“, „Биди фин“, „Се е за луѓе“, „Црни Грујо и каменот на мудроста“, а беше и водител во Гранд.
Гледачите можеа да го видат како пее и танцува во третата сезона од „Твоето лице звучи познато“. Факултетот за театарска организација и менаџмент во културата го заврши пред 4 години. Претходно аматерски се бавел со археологија и ископување на римски гробници, а говори и дека кога имал време, сакал да риболови.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање