Ѓорѓиевски: Власта е до гуша во криминал, ќе одговараат сите до еден
Измина точно една година откако најкорумпираниот и најнеспособен министер во историјата на МВР, Оливер Спасовски вети расчистување на скандалот со прислушуваните телефони на Јавното обвинителство.
На први декември минатата година, на спектакуларно најавена прес конференција Спасовски се обиде да го наклевети ВМРО-ДПМНЕ и побара одговори од претседателот Мицкоски.
Ова е насловот од неговиот прес конференција објавен на веб страната ма МВР, која гласи: За скандалот со снимањето, одговорност ќе има! Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја инсталирал и кој ја користел.
Од тогаш помина точно една година. Ниту одговорност има, ниту се знае кој ја нарачал опремата, ниту кој ја инсталирал, а уште помалку кој ја користел.
Целата прес конференција се сведе на една голема лага. Спасовски ги гледа во очи граѓаните и ги лаже. Исто како и неговиот шеф Зоран Заев. За причините зошто од истрагата и од ветеното расчистување на случајот нема ништо, постојат две претпоставки. Првата е дека се тотално неспособни и свесно лажеле, а втората е дека се инволвирани до гуша и во овој криминал па го прикриваат свесно.
Двете претпоставки личат на Спасовски, но првата е помалку веројатна бидејќи во МВР има професионалци кои за неколку дена ќе утврдеа кој ги прислушувал обвинителите. Доколку тоа не може да се утврди, подобро е да ја распуштиме целосно полицијата. Затоа втората варијанта е поверојатна. Некому му одговара да ги снима и да ги уценува обвинителите. Затоа не се дозволува расчистување на овој случај.
Да потсетиме дека токму Спасовски тврдеше дека обвинителите биле цела година слушани и снимани.
Што има на тие материјали и кој располага со нив?
Дали можеби нелегално стекнатите прислушувани материјали се причината за несериозното постапување на Јовевски и Русковска во случаите „Рекет“, „Вирус“, Рашковски, крвавите тендери и сите останати криминални афери кои ја тресеа македонската јавност изминативе 3 години, а во кои се вмешани високи функционери на СДСМ и на власта?
Македонија повторно ќе биде правна држава, а наместо криминалот и анархијата по македонските улици ќе се врати правдата, мирот и безбедноста. Ќе одговараат сите до еден, кои учествуваа и прикриваа криминал
изминативе години.
Прашање: Вчера во полноќ се случило настан во „Александар Палас“, каде имаше и пукање со оружје итн. Како го коментирате ова, и дали знаете за што се работи?
Одговор: Од она што беше објавено како информација до граѓаните од МВР, мислам пред половина час се виде една добро позната фраза на МВР и на Оливер Спасовски, а тоа е дека ќе се работи на разоткривање на сторителите и
деталите поврзани со овој случај. И како и обично претпоставуваме дека ништо нема да се дознае, ниту да се расчисти, како и за сите останати случаи наназад. Тоа говори за спрегата на Оливер Спасовски и МВР и ставањето директно во функција на МВР во функција на криминалот и криминалците во нашата земја. Секаде во светот, буквално секаде во светот, во секоја држава има мафија само овде во Република Македонија мафијата има своја држава. Затоа има еден број, еден куп на нерасчистени убиства во државата, затоа има криминал на ниво на кое што има, затоа има страв и паника кај граѓаните. Но нека не очајуваат македонските граѓани ние ќе бидеме по формирањето на новата влада вистински партнер на граѓаните, ќе бидеме целосно ставени во функција на граѓаните и ќе бидеме тука за да го зачуваме редот и мирот на нашата држава и нашите граѓани.
Прашање: Вие како настан како го коментирате?
Одговор: Безредие и хаос, како и се останато. Криминалците можеа слободно и буквално да ја земаат правдата во свои раце, слободно меѓусебно да се расчистуваат и пресметуваат. Може притоа жртви да има невини граѓани.
Полицијата како и обично спие односно не постапува, тоа не е забелешка кон обичните полицајци, тоа не е забелешка кон оние луѓе кои што се вистински професионалци и чесно го заработуваат лебот во таа служба. Но тоа е
забелешка кон оние што ја водат таа структура. Оние кои што не можат да ја дадат, не знаат да ја дадат или пак не сакаат на крајот од денот, да дадат насока за постапување по однос на зачувување на безбедноста и мирот на
нашите граѓани.
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?