Ѓорѓиевски: Рекордна реализација на капитални инвестиции во првиот квартал на 2026 година

Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капитални инвестиции, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Според објавените податоци на неговио фејсбук профил, во Основниот буџет на Град Скопје за 2026 година се планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 отсто во однос на 2025 година. Во првиот квартал од годината реализирани се 335,75 милиони денари, односно 18,12 отсто од вкупно планираните капитални инвестиции, што, како што наведува Ѓорѓиевски, е највисока реализација за овој период досега.
- Денес, со гордост можам да кажам дека Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја, со највисока реализација на капитални инвестиции досега - наведува Ѓорѓиевски.
Тој информира дека само во месец април е реализиран износ од 464,45 милиони денари капитални инвестиции, што претставува највисока априлска реализација споредено со сите претходни години. Заклучно со 8 мај 2026 година, односно за период од четири месеци и осум дена, реализацијата надминала 480 милиони денари, што е 26 отсто од вкупно планираните капитални инвестиции.
Во статусот се наведува дека за истиот период реализацијата во 2026 година е повисока од целокупната реализација во првите шест месеци во повеќе претходни години. Во 2025 година реализацијата изнесувала 463 милиони денари, во 2024 година 385,4 милиони, во 2023 година 420,5 милиони, а во 2022 година 368,4 милиони денари.
Паралелно со капиталните инвестиции, како што е наведено, се обезбедени средства за исплата на сите наследени субвенции, вклучувајќи субвенции за велосипеди, азбестни кровови, инвертер-клими, чистење оџаци и средношколски стипендии.
Дополнително, обезбедени се повеќе од 467,9 милиони денари субвенции за јавните претпријатија „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Дрисла“, „Лајка“, „Улици и патишта“ и ЈСП.
Ѓорѓиевски наведува дека за околу четири и пол месеци, обврските на јавните претпријатија се намалени за околу 38,5 милиони евра, при што најголемо намалување е евидентирано кај ЈП „Водовод и канализација“, со 1,55 милијарди денари. Во истиот период, обврските на Град Скопје се намалени за околу 11,6 милиони евра.
- Ова е разликата кога градот се води одговорно - дополнува Ѓорѓиевски.
Воедно, додава дека е воведен ред во исплатата на платите во јавните претпријатија и дека повеќе нема доцнења, како и дека претпријатијата функционираат постабилно и ги реализираат своите инвестициски програми.
МИА
Ново на Сител
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
