Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека со потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување е направен „историски чекор напред“ во насока на обединување за подобро Шуто Оризари и достоинствено Скопје. Во објава на својот Фејсбук профил, Ѓорѓиевски наведува дека сите партии обединети со ВМРО-ДПМНЕ застануваат зад Ерџан Демир, кандидатот кој, според него, ќе ја предводи промената што Шуто Оризари ја заслужува.
– На Шуто Оризари му е доста од хаос, запоставеност и неправда. Доста е граѓаните од оваа општина да бидат третирани како граѓани од втор ред. Време е тоа да се промени. Време е за нова енергија, за достоинство, за развој, време е заедно да создадеме подобра иднина, наведува Ѓорѓиевски.
Со поддршка од Град Скопје, Ѓорѓиевски најави дека со поддршка од Град Скопје, Ерџан Демир ќе ја води општината кон „вистински промени“, меѓу кои изградба на нов модерен стадион, Културен дом „Есма Реџепова“, реконструкција на улиците, обновување на комуналната мрежа, создавање зелени површини и уредени јавни простори, како и инвестирање во младите.
Во објавата тој наведува дека Декларацијата за заедничко делување ја потпишале повеќе партии, односно РОМ – Роми обединети од Македонија, Обединета партија за еманципација на Ромите, Демократска партија на Ромите, Сојуз на Ромите, Демократски сили на Ромите и Централна демократска унија.
МИА
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
