Ѓорѓиевски: Од понеделник започнува исплатата на субвенции за жителите на Кисела Вода
Општина Кисела Вода предновогодишно започнува со исплата на субвенции за граѓаните кои аплицираа и ги исполнија критериумите од јавните повици кои беа објавени во изминатиот период. Исплатата, која започнува од понеделник, опфаќа средства за поддршка на граѓаните кои поднеле барања за субвенции за пелети, печки на пелети и огревно дрво. Целта е да се помогне на семејствата кои се соочуваат со финансиски предизвици за одржување на животниот стандард.
-И оваа година продолжуваме со континуираната поддршка за нашите граѓани, бидејќи ја препознаваме важноста на социјалната поддршка, особено за ранливите категории граѓани, и продолжуваме да вложуваме во мерки кои ја олеснуваат нивната секојдневна борба со финансиските предизвици. Овие субвенции, кои се во вкупен износ од околу 4 милиони денари, се наш придонес за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Сакам да им се заблагодарам на сите кои аплицираа и сакам да ги информирам дека исплатата ќе започне од понеделник. Продолжуваме да бидеме партнер на нашите жители и заедно со нив секојдневно да го унапредуваме квалитетот на живот во локалната заедница, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
За субвенционирање и поддршка за кофинансирање за набавка на пелети за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода, до комисијата за утврдување на исполнување на условите за доделување на финансиски средства, пристигнале вкупно 301 барање, одобрени се 297, додека четири се одбиени поради некомплетна документација. Финансискиот надомест е во висина од 50%, но не повеќе од 10.000 денари.
За субвенционирање и поддршка за кофинансирање за набавка на печки на пелети за домаќинствата на територија на Општина Кисела Вода, пристигнале вкупно 22 барања, 20 се одобрени, а две се одбиени поради некомплетна документација.
За купување на дрва за огрев за 2024 година на жителите на општина Кисела Вода, пристигнале 278 барања, а одобрени се 249 барања со комплетна документација.
Од Општина Кисела Вода нагалсуваат дека ќе продолжат да вложуваат во проекти и мерки кои имаат за цел директно подобрување на секојдневниот живот на граѓаните
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите