Ѓорѓиевски: Гоце Делчев е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство

На одбележувањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој оддаде почит и положи цвеќе во чест на големиот македонски револуционер, истакнувајќи ја важноста на неговото дело за современата македонска држава.
- Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска за сите генерации. Делото што го остави зад себе не е само дел од историјата, туку жив аманет кој нè повикува на единство, одговорност и истрајност во зачувувањето на националните вредности - истакнал Ѓорѓиевски.
На денешниот ден, како што потенцирал градоначалникот Ѓорѓиевски, се потсетуваме дека борбата за правда, достоинство и напредок не завршува, туку продолжува низ нашите дела, посветеност и љубов кон татковината.
- Чествувањето на ликот и делото на Делчев е израз на почит кон минатото, но и залог за иднината. Нека неговата жртва биде вечен поттик за градење општество засновано на слобода, еднаквост и просперитет - нагласил Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
