-->
-->
Ѓорге Иванов и шефовите на држави и влади од Балканот в недела на состанок со Јункер за бегалците
-->

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ја претставува Република Македонија на итниот состанок во недела во Брисел, кој го свика претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер со сите шефови на држави и влади на земјите од Западен Балкан, а по повод бегалската криза, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што се наведува во соопштението што пред малку го лиферуваше неформалната влада на Европската унија, првите луѓе на балканските држави се повикани на координација за рутата на бегалците од Арапскиот свет и Африка.
- Со оглед на вонредната состојба во земјите од Западен Балкан во однос на миграцискиот пат, постои потреба за поголема соработка, поширока консултација и непосредна оперативна акција. Затоа, по разговорите со неколку лидери, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, организира лидерска средба на 25 октомври во Брисел, за да се разговара за приливот на бегалци по должината на рутата на Западен Балкан, се вели во соопштението на Комисијата.
Оваа средба, која ќе се одржи на ниво на шефови на држави или влади, ќе се одржи меѓу 16.00 и 19.00 часот во недела на 25 октомври 2015 во Брисел, проследено со работна вечера на седиштето на Европската комисија - „Берлемон“. Целта на средбата, според соопштението на Еврокомисијата, ќе биде да се договорат заеднички оперативни заклучоци кои може да се спроведат веднаш.
Според најавата, присутни на лидерската средба ќе бидат шефовите на државите или владите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Република Македонија, Германија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Словенија. На оваа средба, исто така, ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претставник на Луксембуршкото претседателството со Советот на ЕУ и на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. Исто така, поканети се и претставници на Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕКПА) и Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на земјите-членки на Европската унија (Фронтекс).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
