Ѓорчев: Целосна амнестија за 27 април без политички условувања и уцени
За денешните најави за Предлог-закон за амнестија, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изјави дека нивниот став е принципиелен и дека треба да има целосна амнестија за настаните од 27 април лани во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на ова тело, затоа што, според него, станува збор за политички пазарења поврзани со уставното име Република Македонија.
– Нашиот став е принципиелен, а тоа е дека треба да има амнестија за целиот настан за да нема политички условувања, уцени и перипетии и сето она што го имаме сега зад затворени врати, а очигледно е дека се случуваат непринципиелни работи и дека има се, многу политика, многу пазарења, освен право, рече Ѓорчев одговарајќи на новинарско прашање.
Не одговори дали оваа партија ќе поднесе амандмани на нацрт-амдманите на Уставот, и повтори дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија треба да го задржи уставното име, дека не треба да има промена на Уставот.
-Со жалење мораме да констатираме дека сите предлози што ние ги имаме се отфрлаат. На референдумот 70 отсто од граѓаните останаа дома, рече Ѓорчев, кој повтори дека власта нема слух да го расчисти полнењето на кутиите. Според него, постапката е прилично компромитирана, не е поддржана од народот, а власта сета оваа работа ја турка на мускули.
Ново на Сител
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола

