Ѓорческа запрена во полуфиналето во Ираклион
Македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучерсот во грчкиот град Ираклион, откако денеска ја загуби полуфиналната пресметка со Екатерина Макараова од Русија со 2-0 во сетови (7-6, 6-3).
Првиот сет беше одлучен во тајбрејк во кој Ѓорческа имаше водство од 4:2 и 5:3, но руската тенисерка со минисерија дојде до сет топка по водството од 6:5. Ѓорческа спаси две сет топки, но Макарова тајбрејкот го заврши со 10:8 на поени.
Во вториот сет македонската тенисерка поведе со 1:0, но противничката повторно влезе во серија и поведе со 5:1, што беше недостижно за македонската тенисерка резултатски да се врати во натпреварот кој траеше еден час и 53 минути.
За пласманот во полуфиналето македонската тенисерка освои 25 поени и за очекување е на новото рангирање да има подобрување на својата позиција на ВТА листата.
По една недела пауза Ѓорческа треба да настапи на фјучерсот во Валенсија од 20. ноември што ќе се игра за награден фонд од 100.000 долари.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка