Тенис
27. September 2015 - 14:08

Ѓорческа со 10-та титула во двојки во 2015

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа на фјучрсот во Бол на Брач ја запиша 10-та турнирска победа во двојки во 2015 година. 

Таа во финалето со Маријана Дражиќ од Хрватска ги победија Вачанцук и Вахемакер со 7:6 (7:5) и 6:3 во гемови.
Ова е трет пат Ѓорческа да победи на фјучрс во двојки на Бол и сите три победи се со различни тенисерки.
Инаку ова беше нејзина 25.та турнирска победа во конкуренција на двојки во кариерата.