Тенис
10. јуни 2017 - 16:22

Ѓорческа се пласира во финале во двојки на ВТА турнирот во Бол

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Александрина Најденова од Бугарија изборија пласман во финалето на ВТА турнирот во Бол. Таа и Наједнова победија со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови).

Во првиот сет Ѓорческа и Најденова водеа на стартот од сетот поведоа со 2:0 и таа предноста ја сочуваат до крајот на сетот. Во вториот сет двата брејка македонско-бугарската двојка ги направи истотака на стартот од сетот и предноста ја зачува до крајот и ја искористија втората меч топка.
Финалето се игра утре, а противничките ќе бидат познати по одигрувањето на второто полуфинале меѓу Чуанг - Врацова и Мрдежа - Зиданшек.