-->
-->
Ѓорческа продолжува со двојните победи во Тунис
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја постигна и третата победа во сингл конкуренција на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Таа денеска во четвртфиналето ја победи Полина Монова од Русија со 2:1 во сетови за два часа игра. Првиот сет и припадна на Монова со 6:1 во гемови, а следниот сет Ѓорческа го доби без загубен гем 6:0. Во решавачкиот сет беше 6:4 за нашата тенисерка.
Утре во полуфиналето Ѓорческа (2.носител) ќе игра против Јулија Грабер (Австрија, 6.носителка). Тенисерката од Австрија има 19 години и се наоѓа на 433 место на ВТА листата, а денеска ја победи Анџелика Моратели (Италија) со 2:0 во сетови.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа и Изабела Шиникова (Бугарија) без борба стигнаа во финалето, каде ги очекуваат победничките од вториот полуфинален дуел. Според програмата Ѓорческа утре треба да го игра финалето во двојки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани