Тенис
8. September 2016 - 16:14

Ѓорческа го заврши сингл настапот на фјучрсот во Софија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Софија откако во вториот денешен меч загуби од Катинка Вон Дајхман од Лихтенштајн во тро сета со 2-1. Ова за нашата тенисерка денеска беше втор меч откако најпрвин ја победи Кимберли Цимерман од Белгија во продолжението на мечот од првото коло со 2-1 во сетови. За пласманот во 2.коло Ѓорческа ќе освои 5 поени.
 
Инаку, во дуелот во Вон Дајхман нашата тенисерка поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но потоа ривалката го доби вториот сет со 6:3 во гемови, а во решавачкиот сет се водеше голема борба. Ѓорческа успеа да спаси неколку меч топки, но најверојатно поради замор немаше сили за комплетен пресврт во решавачкиот сет, кој го загуби си 6:4 во гемови.
Ѓорческа продолжува со настапот на турнирот во двојки, откако со Викторија Томова од Бугарија го добија четвртфиналето без борба попладнево ќе играат во полуфиналето против Жаклине Адина Кристијан и Николета-Каталина Даскалу од Романија.