Тенис
11. May 2017 - 18:42

Ѓорческа „експрес(но)“ до полуфиналето во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа експресно со само еден загубен гем се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Рим (награден фонд 25.000 долари). Таа во четвртфиналето денеска на шестата носителка Даниела Сегуел од Чиле и препушти само еден гем и тоа во првиот сет. Нашата тенисерка мечот го доби со 6:1 и 6:0 во сетови и на последните два меча од 25 одиграни гема има добиено 24.

Утре во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Јулија Грабер од Австрија, која денеска ја победи Присцилија Хон (Австралија) со 2-0 (7:6 и 6:4). Грабер се наоѓа на 384 место на ВТА листата.