-->
-->
Ѓоковиќ: За доброто на тенисот се надевам дека Надал ќе се врати на терените
-->
Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ изјави дека го смета Рафаел Надал за свој главен ривал и му посака брзо враќање на турнирите.
– Се надевам, за доброто на тенискиот свет, дека ќе може да игра што е можно повеќе во текот на целата сезона. Не знам како се чувствува, но судејќи по неговите зборови, тој е подготвен да се врати и, можеби, ќе го направи тоа во Австралија, изјави Ѓоковиќ за шпански „AS“.
На 19 ноември, 36-годишниот српски тенисер по седми пат во кариерата го освои завршниот АТП турнир, победувајќи го во финалето 22-годишниот Италијанец Јаник Синер со 6:3 и 6:3.
Ѓоковиќ рекордна осма година завршува како светски рекет број еден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти