Ѓоковиќ сака да го повтори рекордот на Федерер на Вимблдон
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека сака да го повтори рекордот на Роџер Федерер по бројот на освоени титули на Вимблдон.
Вчеравечер Ѓоковиќ го победи Италијанецот Лоренцо Музети (6:4, 7:6 (7:2), 6:4) и се пласираше во финалето на Вимблдон 2024 година, во кое ќе се сретне со Шпанецот Карлос Алкараз.
-Да, знам дека Федерер освои осум, а јас седум трофеи овде. Историјата е во прашање. Плус, можам да ја освојам мојата 25-та Грен слем титула. Ова сериозно мотивира, но во исто време врши притисок. Ќе се обидам да го искористам ова како гориво за да го играм мојот најдобар тенис. Секој пат кога ќе стапнам на теренот, дури и ако имам 37 години, а мојот противник има 21 година, очекувам од себе да победам. Секогаш излегувам и давам се за да бидам на нивото на Алкараз, Синер, Зверев, Медведев. 2024 година не беше толку успешна за мене. Можеби ова се најслабите шест месеци во мојата кариера по долго време, и тоа е во ред. Треба да се адаптирам и да ја прифатам ситуацијата, да се обидам да се подобрам по повредата, изјави Ѓоковиќ за „The Tennis Letter“.
Финалето на Грен слемот во Лондон ќе се игра утре од 15 часот.
Ново на Сител
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица