Loading Video...
Тенис
12. September 2021 - 14:02

Ѓоковиќ против Медведев во финалето на УС Опен брка нови рекорди

За трофејот на УС Опен во машка конкуренција вечерва ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. 
 
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ кој ќе го игра своето 31-во Грен-слем финале атакува на два рекори. 
 
Ако победи ќе стане првиот тенисер кој ги освоил сите четири Грен-слем турнири во една календарска година по Род Лејвер на кој тоа му успеа во 1969 година, а водено ќе ја освои својата 21-ва титула со што ќе ги надмине на вечната листа големите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.
 
Сепак за тоа ќе се прашува и Русинот, Медведев кој игра во одлична форма. Тие играа во финалето на Австралија Опен, каде триумфираше Ѓоковиќ кој во осумте досегашни меѓусебни дуели има 5 победи и наспроти трите на Русинот. 
 
Големото финале на програмата е вечерва од 22 часот