Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран од турнирот во Индијан Велс откако во второто коло беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зааншлуп – 2:1 (6:2, 3:6 и 6:1).
Колку е сензационален поразот на најодликуваниот тенисер на сите времиња говори и податокот дека неговиот ривал до главниот ждреб на турнирот во САД стигна како „среќен губитник“, а Новак го заврши натпреварувањето по воведниот меч за првпат по 2018 година.
Очигледно е дека Новак Ѓоковиќ е во играчка криза, бидејќи од последниот пат кога загуби три меча по ред, поминаа 2.542 дена или нешто помалку од седум години.
Ван де Зааншлуп, кој се наоѓа на 85. место на АТП-листата, во третото коло ќе игра против Аргентинецот Франциско Черундоло, кој ја елиминираше американската тенисерка Мекензи Мекдоналд.
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
