-->
-->
Ѓоковиќ по три часа го совлада Нишикори
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Рим откако по повеќе од три часа игра и неколку минути пред полноќ со 2-1 во сетови го победи Кеи Нишикори.
Ѓоковиќ лошо го почна полуфиналето и Јапонецот го доби првиот сет со 6:2 во гемови. До 4:4 во вториот сет беше изедначено, а потоа Ѓоковиќ направи серија од четири гема изедначи на 1:1 (6:4 во вториот сет) и поведе со 2:0 во решавачкиот. Сепак Нишикори го врати брејкот и на крајот решаваше тај брејкот во третиот сет што Ѓоковиќ го доби со 7:5. Во бројот на освоени поени беше 112:111 за Ѓоковиќ.
Во меѓусебните дуели со Енди Мареј против кого ќе игра во финалето скорот е 23-9 за Ѓоковиќ.
Мареј во полуфиналето го победи Лукас Пуиле со 6:2 и 6:1 во сетови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото