Тенис
30. July 2021 - 19:55

Ѓоковиќ остана без финале на ЛОИ во Токио

И покрај големата поддршка од јавноста и фаворитската улога, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на олимпискиот тениски турнир откако во три сета беше елиминиран од Александар Зверев.   
Иако одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6-1,  Ѓоковиќ падна во вториот сет  што Зверев знаеше да го користи и со серија од 11 добиени и само еден загубен гем ги освои следните два сета и заслужено го победи големиот ривал кој по триумфот на Ролан Гарос и Вимблдон беше и прв фаворит за златниот медал. 
Српскиот тенисер по мечот изјави дека се чувствува ужасно но и дека заморот го направил своето. Се надевам дека ќе освојам барем еден медал изјави  Ѓоковиќ кој не успеа да се пласира и во финалето во мешани двојки каде игра задно со Нина Стојановиќ. 
Зверев во финалето за противник го има о Карен Качанов кој беше подобар од Карено Буста.