Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ бил подготвен да го предаде денешниот меч со Шпанецот Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија опен.
Триесет и седумгодишниот Србин победи во четири сета – 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Тој направи лекарска пауза за време на средбата.
– Бидејќи победив, не сакам да откривам премногу, но лековите дефинитивно ми помогнаа. Да бидам искрен, ако го изгубев вториот сет, не знам дали ќе продолжев да играм. Но, се чувствував се подобро и подобро, успеав да одиграм неколку одлични гемови и да го завршам вториот сет. Ја искористив шансата, почнав да се чувствувам подобро, подобро да се движам. Порано или подоцна лековите ќе престанат да делуваат. Каква ќе биде реалноста ќе дознаеме утре наутро. Но, сега ќе се обидам да не го пропуштам моментот и да уживам во оваа победа, рече Ѓоковиќ во интервјуто на теренот.
Во полуфиналето на Австралија опен Ѓоковиќ ќе игра против Германецот Александар Зверев.
Ново на Сител
-

На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи
-

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија
-

55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи
-

Кривична за 43-годишник од Штип, свесно пропуштил да пријави извршено кривично дело
-

Утре сончево, од вторник најавени врнежи и засилен јужен ветер
-

Со „бмв“ возел 109 километри на час на место каде е дозволено 40, приведен 24-годишник од Велес
-

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка
-

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско
