Ѓоковиќ донесе одлука – нема да се појави на терен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денот пред финалето во Мелбурн на Австралија опен ќе го искористи за одмор. Тој по мечот од полуфиналето со Синер најави дека нема да тренира особено што мечот заврши околу 2 часот по полноќ, а на теренот беше 4,5 часа.
– Ќе биде тоа време за закрепнување. Во сабота сигурно нема да тренирам. Можно е да имам активно закрепнување. Имам свој „протокол“ и ќе го почитувам тој распоред, изјави Ѓоковиќ.
За ривалот во финалето Карлос Алкараз десеткратниот шампион на Австралија опен Ѓоковиќ истакна:
– Го победив лани тука во исцрпувачки меч. Ќе видиме колку двајцата ќе бидеме „одморени“ и тој имаше тежок полуфинален меч, но е 15-16 години помлад. Биолошки гледано неговото закрепнување би требало да биде полесно.
Машкото финале на Австралија опен се игра во недела наутро во 9.30 часот по македонско време.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

ЕУ ги почнува преговорите за укинување на роамингот во Западен Балкан
-

ЕУ поддршка за развој на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија
-

Поради неисплатени субвенции, сточарите се заканија со протести
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
