Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Феxми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен

Обвинетиот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов - Ѓаволот, кој беше осуден на условна казна затвор од две години на 2 септември ја уплатил паричната казна во износ од 492.000 денари (8 илјади евра) и за тоа е известен судот, информираат на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје.
Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат, Фехми Стафа, кој се спогоди со Обвинителството на казна затвор од една година и три месеци, откако беше обвинет за примање поткуп од 50.000 евра за да влијае кај судија за случајот со Љупчо Пецов – Ѓаволот, се уште е во затвор на издржување на казната, иако веќе побарал условен отпуст.
Од Кривичен, брифираат дека затворската казна на Фехми Стафа требало да му заврши во март 2027 година, а Судот му дозволил еден месец условен отпуст и да се пушти на слобода на 1 февруари 2027. Одлуката, како што инфомираа, е обжалена од страна на осудениот и предметот е пратен во Апелација на 24 септември годинава.
На брифингот во Кривичен, информираа за повеќе тековни предемти.
Предметот „Крмзов“ е во фаза на изведување на економско и графолошко вештачење, односно се сослушуваат вештите лица, и со тоа се исцрпува листата на докази предложени од подносителот на Обвинителството, по што следуваат доказите на обвинетите.
За случајот „Титаник“, кој е еден од постарите предмети за којшто сè уште нема правосилна пресуда, од Кривичен, информираа дека предметот е во фаза на изведување на докази, односно сослушување на сведоците на одбраната.
За случајот Трифун Костовски и други, од Кривичен информираат дека Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција поднело обвинение, кое автоматски оди во Специјализираното одделение на судот, каде е оценето дека не е стварно надлежно за тој предмет. По правосилноста на решението предметот ќе биде распореден во Одделението за кривично полнолетни во овој суд.
Причината зошто Специјализираното одделение не е надлежно, како што појаснија на брифонгот, е бидејќи во конкретниот случај обвинителот акт е за кривични дела предизвикување на стечај на банки и несовесно работење во службата, а овие две кривични дела не се во надлежност на Специјализираното судско одделение, односно не спаѓаат групата на дела од областа на организиран криминал и корупција.
За предметот „Беланоца“, од Кривичен брифираат дека има уште двајца сведоци од Обвинителството и ќе се продолжи со изведување на доказите на одбраната.
Предметот против Стевчо Јакимовски за кривично дело „злоупотреби“, од Кривичен брифираат дека обвинетиот е задржан на болничко лекување, а следното рочиште е закажано за 6 октомври, а до крајот на годината се закажано уште пет рочишта.
За случајот „Онкологија 2“ од Кривичен информираа дека е во фаза на изведување на докази на одбрната, односно доказите на првоообвинетиот. За предметот се закажани уште шест рочишта до крајот на годината.
За предметот „Талир 1“, како што информираа на брифингот, главната расправа е одложена, со што е пробиен законскиот рок од 90 дена од последното одржано рочиште и случајот ќе мора да започне формално од почеток.
Во текот на годината, како што брифираат од Кривчен, извршени се повеќе контроли, и тоа од Дирекција за безбедност на класифицирани информации, кои констатирале дека сите забелешки коишто биле дадени во текот на претходната година се отстранети, исто како и со контролата од Државен завод за ревизија. Контроли извршиле и од Апелационен суд Скопје и Министерствоот за правда, при што, како што велат, не се констатирани одредени пропусти.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
