Гитаристот на „Дорс“: Требаше да ја наречам песната - „Don't Set Me on Fire“
Гитаристот на „Дорс“ (The Doors) и композитор на многу песни, Роби Кригер иронично изјави дека првиот хит на некогашниот американски рок-состав – песната „Light My Fire“ (во превод: „Запали ме“ или „Запали го мојот оган“), требало да се вика: „Не фрлај ме во оган“ (Don’t Set Me on Fire).
Кригер (79) со горка насмевка се шегуваше на своја сметка, на Јутјуб-емисијата на Рик Бито, појаснувајќи дека оригиналниот наслов „ја напишал судбината“ на неговиот семеен дом во Пасадена, Калифорнија, САД. Имено, таа куќа изгоре во пожарите што го зафатија Лос Анџелес и околината во средината на јануари оваа година.
Таму се родил и израсна идниот гитарист „Дорс“, заедно со неговиот брат близнак, а на тоа место и групата одржуваше проби на почетокот на нивната кариера, каде што беше создаден споменатиот хит – „Light My Fire“.
Кригер, како што вели, бил автор на бројни значајни песни на „Дорс“, но на изрично барање на пејачот и друг текстописец на бендот – ранопочинатиот Џим Морисон, речиси сите песни ѝ биле припишани на целата четиричлена постава на групата. Кригер, инаку, раскажуваше и дека со години се борел со зависноста од хероин, а кога конечно ја победил – се разболел од рак.
Така, двапати ја пребродил таа болест, па и покрај неговата возраст, тој сè уште настапува и гостува во емисии посветени на „Дорс“.
Неодамна, тој ја објави и својата автобиографија „Set the Night on Fire“ (Запали ја ноќта), којашто се смета за најавтентичната приказна за легендарниот рок-бенд од 60-тите и 70-тите, којшто последниот еднодневен собир го имаше во 2013 година.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“