Гитарата на Елвис Присли продадена за 334.000 долари

Гитарата на Елвис Присли која ја доби од неговиот татко е продадена за 334.000 долари на аукција на куќата „Џулијенс“ во Њујорк, која понуди многу предмети кои припаѓаа на познати музичари.
Кралот на рокот гитарата ја подарил на еден обожавател во текот на концерто во Северна Каролина во 1975 година.
На аукциската куќа „Џулијенс“ (Julien's) продаден е и текстот на песната Being for the Benefit of Mir Kite, кои Џон Ленон со рака го напиша за „Битлси“.
Новиот сопственик морал за овој текст да издвои 354.000 долари, јави Би-Би-Си.
Меѓу другите предмети на аукцијата беше и црвена јакна која Мајкл Џексон ја носел во текот на турнејата History од 1996 до 1997 година како првиот клавир на Елвис.
Јакната е продадена за 256.000 доалри, додека клавирот достигна вредност од 140.025 долари, што е околу 60.000 долари повеќе отколку што е предвидено.
Првиот клавир на пејачката Лејди Гага, чија вредност е проценета на 100.000 долари, немаше купувач на аукцијата.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
