-->
-->
Гинзбург: Докажано е дека вакцината Спутник V штити најмалку девет месеци
-->
Директорот на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, Александар Гинзбург изјави дека е докажано оти вакцината Спутник V против Ковид-19 обезбедува имунитет најмалку девет месеци.
„Во моментов, експериментално можеме да гарантираме дека вакцината Спутник V обезбедува имунитет околу девет месеци и малку повеќе од тоа, рече Гинзбург за телевизијата „Русија 24“.
Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи од Институтот „Гамалеја“ биле меѓу првите луѓе кои ја примиле Спутник V.
– Нивото на нашите заштитни антитела во моментов одговара на нивото што ни овозможува на сите да донираме плазма за оние кои ја имаат оваа болест, изјави рускиот научник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции