Гинтер Отингер сепак ќе биде нов еврокомесар за буџет
Незадоволството искажано од невладините организации, европратениците и групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, нема да го спречат формалнното именување на Германецот Гинтер Отингер, кој од 1 јануари ја врши функцијата еврокомесар за буџет и кадровски прашања.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, извесно е дека во текот на утрешниот ден Отингер ќе биде именуван за потпредседател на Европската Комисија и за шеф на телото кое има 161 милијарда годишен биџет и менаџира 30 илјади вработени во европските институции.
Отингер, кој на пошироката европска јавност и стана познат поради неговите навредливи забелешки и врски со контроверзни лобисти, ја има поддршката од Германија, поточно од владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и од претседателот на Европската Коммисија, Жан Клод Јункер.
Отингер предходно беше премиер на германската покраина Баден-Виртенберг, а потоа и еврокомесар за дигитална економија и општество и за енергија.
Неговите навредливи коментари за жените и хомосексуалците, опишувањето на Азијците како луѓе со коси очи и контактите со лобисти блиски до Москва, беа причини за противење на европскиот невладини сектор на неговото именување за шеф на европските финансии.
Според Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите, која е втора по голема пратеничка група во Европарламентот, именувањето на Отингер ќе испрати целосно погрешна порака до европската јавност.
Во писмо потпишано од голем број невладини организации, меѓу кои и „Амнести Интернешанл“, завчера од ЕУ беше побарано да го спречи именувањето на Отингер, поради неговите дискриминирачки пораки и изјави против еднаквоста на сите луѓе.
Според невладиниот сектор, Отингер нема капацитет да инспирира почитување на етичките и правилата за транспарентност меѓу вработените во Европската комисија.
Ново на Сител
-
Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата
-
Трамп го честиташе Денот на благодарност и на „радикално левите лудаци“
-
Путин: Не мислам дека Трамп е сигурен - во историјата на САД имало различни инциденти
-
Николоски: Се работи на План за рационализација во Пошта од 1900 на 1400 вработени
-
Во Тетово при претрес пронајден кокаин, приведен 35-годишен тетовец
-
Бектеши: Индивидуалните акти ги осудуваме и сакаме да дадеме позитивни пораки за зацврстување на меѓуетничките односи