Македонија
9. February 2017 - 15:17

Гимназијата во Крива Паланка доби три паметни табли

Две нови интерактивни табли набавени со финансиски средства од буџетот на општината и една обезбедена со донација од Владата на Република Македонија се набаваени и инсталирани во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

- Во контекст на продолжување на модернизацијата на наставата во нашето училиште набавивме две паметни табли, а уште една беше обезбедена преку локалната самоуправа со донација од Владата. Сите три се во функција и нивната примена наидува на позитивни коментари и од професорите и од учениците. Освен тоа, купивме и 13 телевизори кои се поврзани со ИКТ системот во училниците и се применуваат на часовите, изјави Миле Милковски, директор на училиштето.

Тој посочи дека за последната набавка одвоени се околу 800 илјади денари од училишниот буџет.

- Над 800 илјади денари сопствени средства од блок - дотации беа вложени во опрема, покрај табли и монитори, и за нагледни средства во кабинетите по биологија, хемија, физика и географија, како и за нагледни средства за електротехничката и машинската струка, рече Милковски.

Во следниот период во консултација со наставниот кадар се планира набавка на дополнителна опрема потребна за наставниот процес.