Ги загубил парите на коцка, па се самоповредил и пријавил киднапирање

Се самоповредил, па пријавил киднапирање и физички напад.
Вчера во 22 часот во полициска станица Тетово, било пријавено дека во КБ-Тетово на Хируршко одделение бил донесен повреден И.А. (34) од село Копанце, општина Јегуновце, со повреда на главата-челото во вид на оток, црвенило и гребаници, кој е задржан на лекување. Во разговор со полициските службеници И.А. пријавил дека истиот ден околу 19 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово врз него било извршено разбојништво од три лица (едното го познавал од порано).
Според негово кажување трите лица насилно го внеле во возило „голф“ и се упатиле помеѓу автобуската и железничката станица, каде го извадиле од возилото и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, при што му одзеле 100 евра и мобилен телефон, а потоа го напуштиле местото на настанот.
По преземени мерки за расчистување на делото констатирано е дека се работи за лажно пријавување. И.А. самиот се удирал во ѕид од неговата куќа со цел да ги оправда паричните средства кои ги потрошил во казино.
По дополнителни проверки било утврдено дека И.А., врз основа на судска пресуда, се барал за издржување казна затвор во траење од 100 дена за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Ново на Сител
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
