Ги убил па се пофалил на Фејсбук - од куќата во Велес се слушале вресоци
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид во семејна куќа, во која што утрово околу 02 часот е извршено убиство.
Настанот се случил кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил. Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па тој и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал.
По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.
По извршување на делото, осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој известува дека ги убил „своите монструми“. Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.
Истовремено, јавниот обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и наредба за подигање на сите траги и материјални докази од местото на настанот.
Ново на Сител
-
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
-
Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување
-
Сопственици на над 20 фиктивни компании уапсени во голема антикорупциска операција во Србија
-
Адвокатот на Видевски бара ослободителна пресуда, тврди дека обвинението не е докажано
-
Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
МААЕ: Во израелските напади се погодени два ирански погони за производство на центрифуги
-
И „Барбиките“ добиваат вештачка интелигенција
-
МЗ ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во Кочани