-->
-->
Ги срамнија со земја: Русите го уништија главениот тренинг центар на ИСИС
-->

Руските воени авиони во текот на последните 24 часа извршиле 33 воздушни напади на 49 цели од Исламската држава во Сирија и го уништиле главниот тренинг цетар на оваа терористичка организација, изјави денес портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Кнашеников.
Тој прецизираше дека бомбардери Сухои Су-25 во два наврати користејќи бомби со голема експлозивна сила го уништиле главниот тренинг центар за терористи на ИСИС кај градот Латакија кој предходно бил откриен од руската разознавачка служба.
Според неговите зборови, во нападите се уништени и два комндни пункта на исламската држава, три склдишта со оружје и муниција, два подземни бункери, 32 лансирачки позиции на планински терен, како и еден проект за производство на проектили.
Министерството за одбрана наведе дека се погодени мети лоцирани во Алеп, Дамаск, Идлиб, Латракија и Хама, пренесува Ројтерс.
Во операцијата на руската војска против Исламската држава учествуваат воздушни сили со повеќе од 50 авиони и хиликоптери, но и руската морнарица, наветува Тас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
