Гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ победник на државниот натпревар по хорско пеење
Средношколскиот мешан хор на гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ на државниот натпревар по хорско пеење го освои првото место со што ја продолжи традицијата на најнаградуван училишен хор во Македонија.
Хорот е под менторство на професорот Илија Атанасов.
- Нашиот хор не е само сведок за квалитетот, зрелоста и ефикасноста и популарноста на училиштето, туку денеска навистина е репрезент на уметноста и културата на училиштето, но и на државата, рече Атанасов.
Нагласи дека способноста за заедничко музицирање е секогаш круна на способноста и зрелоста на личноста за професионалност во својата област.
Под диригентската палка на професор Илија Атанасов работи и градскиот мешан хор „Гортинија“ кој има многу наградувани настапи на манифестациите одржани на домашна и меѓународна сцена.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот