Гевгелиската болница ќе уреди уште едно одделение за ковид-пациенти
Зголемениот број на ковид- пациенти кои секојдневно се хоспитализираат во гевгелиската Општа болница го натера раководството да размислува повторно да ги проширува капацитетите за сместување на болните кои имаат потреба од деноноќна грижа,соопшти денеска директорот Митко Крџев.
-Капацитетот на невропсихијатриското одделение кое од неодамна функционира како ковид болница со 12 легла и 24 часовен мониторинг на пациентите од страна на лекар и медицинска сестра е исполнет.Токму тоа не натера да размилуваме за ново проширување поради што веќе е донесена одлука за пренамена на дел и од интерното одделение во ковид болница за пациенти на кои им е потребна деноноќна грижа,рече директорот Крџев.
Тој нагласи дека адаптирањето на делот за заболени од Ковид-19 нема да го попречи и наруши нормалното функционирање на интерното одделение во болницата.
Во општина Гевгелија моментно има над 200 активни случаи на заразани од Ковид-19 но се претпоставува дека нивниот број веројатно е многу поголем затоа што има многу асимптоматски случаи и пациенти со благи симптоми.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп