Македонија
28. јуни 2021 - 13:37

Гевгелија од денеска е општина без активни ковид пациенти

Градот Гевгелија и општината, по повеќе од десет месеци континуирана епидемиолошка инфицираност од Ковид-19, според најновиот извештај на ИЈЗ, од денеска официјално се пресели на листата од 15 општини во државата во кои нема корона-заразени пациенти.

Вчера оздраве последниот активен пациент со кого, од почетокот на пандемијата, во општина Гевгелија беа заразени вкупно 2195 граѓани од кои 2122 оздравеа, а 72 завршија со смртен исход како последица од компликациите настанати од вирус.

Последниот заразен пациент, кој вчера имаше негативен наод на корона, ја стави Гевгелија како 15-та општина во државата каде нема заболени од Ковид-19,односно меѓу општините каде корона билансот изнесува ,,0,,.

Статусот на ,,зона без корона,, се борат да го добијат уште 20 општини и региони каде ИЈЗ ја следи корона состојбата во државата.