Бизнис
20. October 2016 - 11:57

Гевгелија и Благоевград со заеднички проект за производство енергија од обновливи извори

Проектот „Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија“ доби одобрение за имплементација во рамки на првиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија за периодот од 2014 до 2020 година, информираа претставниците на Фондацијата за локален развој од Гевгелија кои престојуваа во Софија на официјалната конференција за доделување договори за субвенции.

Гевгелиската Фондација за локален развој и развој на информатички технологии ќе биде водечки партнер во реализацијата на проектот заедно со Сојузот на производители на еколошка енергија од Благоевград, Бугарија.

Според претставниците на ФЛОРИТ од Гевгелија, добивањето на одобрението за користење на субвенции го отвори патот за реализација на проектот чии што бенефити ќе ги користат жителите на двете погранични општини во Македонија и Бугарија.