Герпатеритис: Селф тестовите од четврток и за другите категории грчки граѓани
Имаме намера во текот на оваа седмица, од четврток, селф тестовите да бидат достапни и за други категории граѓани и вработени, кои би биле околу 900.000, рече државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „Open“ и откри дека станува збор за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, како што се малопродажбата, судството, угостителството што е отворено, банките, јави дописничката на МИА од Атина.
Во првата фаза, тестовите за домашна употреба, односно селф тестовите се наменети само за учениците на возраст од 16 до 18 години и за професорите во дел од средните училишта што отворија вчера, а Герапетритис истакна дека „искуството со учениците беше особено охрабрувачко“.
Паралелно, потенцираше дека овие тестови може да бидат важно оружје во одредени области за да се запре ширењето на вирусот.
Во однос на велигденските празници и можноста да се укине забраната за движење меѓу градови и патување меѓу региони, државниот министер во интервјуто објасни дека пред сè, потребна е препорака од комисијата на епидемиолози за да се дозволи такво нешто, но и дека е рано да се говори за условите под кои оваа година ќе се прослави Велигден.
-Реалноста е дека во овој момент имаме многу повеќе оружја, а двете големи оружја се вакцинацијата и селф тестовите, истакна Герапетритис, додавајќи дека Грција се наоѓа „многу поблиску до слободата“.
За вакцинацијата објасни дека процените се дека во мај ќе има три до три и пол милиони вакцинации и ќе се постигне „важен ѕид на имунитет“.
Ново на Сител
-

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
-

Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку
-

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка
-

АМСМ: Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата
-

Стабилно време за викендот, од вторник променливо на места со обилни врнежи
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
